Почетна / Градина / Вести / Подароците на мајката природа

Подароците на мајката природа

Пред да почнете да читате за кристалите подолу, да ве информираме дека пред употреба пожелно е да се консултирате со соодветно стручно лице. Затоа препорачуваме да го консултирате ДЕКО, од каде можете да ги набавите сите камчиња.

АВАНТУРИН – ги заострува емоциите. Тој сепак е помошник во љубовта и претставува каменот на коцкарите. Ја буди емоционалноста, сугерира оптимизам и доверба во себе. Каменот не смее да се носи долго време. При невнимателна употреба може да доведе до физичка исцрпеност, а коцкарите да претрпат големи материјални загуби.

АМЕТИСТ – камен на мирот и рамнотежата. Во семејниот живот може да донесе мир и блаженство. Бидејќи е транспарентен, тој е варијабилен и не е лесно да се утврдат хармоничните односи со него.

Го зајакнува имунолошкиот систем, придонесува за чистење на крвта и ја зголемува активноста на мозокот. Аметистот помага да се справите со несоницата и главоболката.

АКВАМАРИН – го зајакнува духот и ја разобличува измамата.

АЛЕКСАНДРИТ – “тежок” камен. Магичен барометар – пред несреќа пожолтува. Ако човек сака да ја испита силата на карактерот – нема да најде ништо подобро. Бидејќи по страдањата доаѓаат среќа и мир. Соодветен камен за оние кои даваат завет. Делува позитивно врз работата на панкреасот и циркулаторниот систем.

РУБИН – штити од лоши очи. Црниот рубин предизвикува тага и може да создаде непредвидена ситуација. Белиот или жолтиот помага за добрина и внатрешна увереност. Ова е лидерски камен. Провоцира егоизам, креативно давање. Контраиндициран е кај луѓе со заболувања на крвта, хипо-и хипертоници. Има лековити својства и го ублажува стресот, ја отстранува главоболката. Зелениот влијае поволно на панкреасот. Синиот рубин го забавува развојот на остерохондрозата.

БИСЕР – каменот на луѓе уверени во себе до фанатизам. Им дава објективност, ги штити сопствените сили. Дава верност во љубовта, го зајакнува домот. Ако човек оди по неправилниот пат тој потемнува.

ДИЈАМАНТ – сериозен “царски” камен. Носи среќа само ако сте посветен или сте го добиле во наследство. Носи огромна енергија на целиот Зодиак. Белите дијаманти можат да ги носат сите. Но за да се навикне каменот кон вас, ќе треба да поминат не помалку од 9 години. А дотогаш може да го носите само еднаш во месецот.

Види

Чудо: Рибарот спасил бела ајкула долга 6 метри : Погледнете како таа му се заблагодарува секој ден (Видео)

Арнолд Поинтер редовно лови покрај брегот на Јужна Австралија. Пред неколку години, тој забележал огромна …