23.04.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово – Погледнете како ќе изгледа

Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово – Погледнете како ќе изгледа

Аеродром наскоро ќе се збогати со уште еден нов парк. Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики. Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5 500 м2.

Во рамките на овој простор се предвидени пешачки патеки со павер-елементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана.

Со изградбата на овој парк ќе се збогати зеленилото во општината, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од сите генерации.

Види

Аспидистра – исклучително непретенциозно собно растение

Ова многу популарно растение потекнува од Источна Азија (Јапонија), каде што расте во шумски предели. …