Почетна / Градина / Вести / По 12 години тутунaрите ќе добијат нов закон за тутун

По 12 години тутунaрите ќе добијат нов закон за тутун

Со законот се укинуваат евидентните листови или т.н. бели картони, пренесува Канал 5.

Тоа значи дека тутунарите ќе можат да склучуваат договори директно со откупните компании кои, пак, ги преземаат бирократските формалности.

Откупувачите ќе бидат должни евиденцијата на катастарските парцели, површините и склучените договори со производителите да ги поднесуваат електронски до Министерството за земјоделство. Договорот за откуп се склучува најдоцна до 31 март во тековната година.

Мострите мора да бидат верифицирани и заверени најдоцна до 15 ноември, а откупувачот е должен да истакне заверени мостри пред почетокот на откупот во просториите за откуп. Освен овие измени кои се однесуваат на поедноставување на бирократските процедури за тутунарите со новиот закон ќе се опфатат и сите нови производи поврзани со тутунот кои се појавуваат на пазарот смета професор Арсов кој е претседател на комисијата за изработка на новиот предлог закон..

Последниот Закон за тутун е донесен во март 2006 година и досега претрпел 12 измени.

Тутунопроизводството е едно од ретките гранки во земјоделството каде целото производството е строго регулирано со закон заради огромното значење кое го има.

Од тутунот годишно државата остварува по околу 100 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува околу 30 илјади семејства.

Види

10 причини зошто секој ден треба да јадеме портокали

На овие 10 начини портокалите помагаат на нашиот организам во борбата против болестите и штетните …