19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Пловечки паркови во Копенхаген

Пловечки паркови во Копенхаген

Мали дрвени острови лебдат во пристаништето во данската престолнина Копенхаген. Наменети како дел од проектот Копенхаген Острови, островите ќе бидат нов јавен простор и вистинска атракција за жителите и посетителите на овој европски град.

Австралискиот архитект Маршал Блехер и дизајнерот Магнус Маарберг од студиото Фокстрот го создадоа првиот од многуте острови на идниот Паркипелаг. Наречен „CPH-Ø1“, островот е дрвена платформа од 20 квадратни метри каде е засадено еднa липа.

Островот е изграден под рака во еден од бродоградилиштата во Копенхаген, користејќи традиционални техники за градење на брод и локални материјали. Тој е исто така надополнет со рециклирани пластични шишиња што се вградени во платформата.

„Паркипелаг“ ќе има вкупно девет острови, кои ќе служат како вонредни плоштади наменети за собири и креативни настани. Овие плутачки зелени зони ќе донесат нова енергија во пристаништето и ќе ги оживеат заборавените делови од градот.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …