Пиперката ви овозможува да го зајакнете имунитетот, да го хидрирате телото и да ги победите настинките. Наместо да пиете лекови, „сојузниците“ за зајакнување на телото побарајте ги во сезонските овошја и зеленчуци.
Нашиот совет е пиперката. Свежа, жолта, зелена, црвена, бабура или лута, секоја е добредојдена во одбрана на здравјето. Богата е со витамин Ц, најдоброто оружје против вирусите и го содржи во двојно поголема количина отколку лимонот или портокалот. Освен тоа, го стимулира дотокот на кислород во клетките и ги зајакнува крвните садови, па на тој начин ја подобрува општата слика на организмот.
Пиперката е делотворна и во лекувањето на авитаминоза, алергии, анемија, астма, артеросклероза, ангина пекторис, дијабесет…
Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот. Правот од лутата црвена пиперка се користи за лечење на пореметувања во варењето и за хемороиди.
Содржи доста калиум, на кого му се препишува диуретското и антиканцерогеното дејство.
Пиперката позитивно влијае на површинската капиларна циркулација, благодарение на состојката ситрин, која влијае на елестичноста и пропустливоста на капиларите. Затоа, пиперката се користи и за лекување на атеросклероза.
Верувањето во афродизијачкото својство се темели на влијанието на пиперката на циркулацијата. Таа ја забрзува циркулацијата во телото.
Поради ниската калориска вредност, се препорачува и во менито на оние кои држат диети, а токму на нив ќе им помогне лутата пиперка, која го забрзува топењето на мастите. Овој вид на пиперка, сепак е и моќен афродизијак.
Види
Свилено дрво – „Albizia julibrissin“
Албициата (Albizia julibrissin), позната уште како “свилено дрво” е вид од родот Албициа. Ова широколисно …