Почетна / Градина / Picea glauca “Conica”

Picea glauca “Conica”

Исклучително декоративен вариетет на смрча која многу бавно расте (за десет години достигнува висина 1,5-1,8 m, а ширина 0,6 m).

Има исклучително густа, непробојна и компактна конусовидна крошна и куси, меки светлозелени иглици кои се ѕвездесто распоредени.

Поради бавниот раст може да се одгледува и во саксии и жардињери на балкони. Најубаво изгледа во мали камени градини и алпинетуми.

Најдобро се чувствува на сонце, на дренажа, но нова почва. Толерантен е кон суша и слабо засенчување. Еднаш ако го заседите на вистинското место нема потреба од понатамошни големи грижи. Круната се оформува сама. Ако некаде се појави оголување и отстранете ги иглиците, најверојатно се работи за грешки во одгледувањето или фунгидна болест.

Може да го одгледува само или во група со други зимзелени или цветни грмушки и цвеќиња, во алпинеуми и карпести катчиња. Многу убаво растение, особено напролет при растењето на новите иглици.

Доколку сакате повеќе информации или пак да го набавите ова растение јавете се во Градинарскиот Центар Фоја 

 

 

Види

Дојдоа раскошните хризантеми и љубичици

Со есента и првите дождови, дојдоа и раскошните Хризантеми и Љубичици кои ќе ги разубават …