Почетна / Uncategorized / Пет начини да се заштитите од крлежите

Пет начини да се заштитите од крлежите

Прошетка во природа или во паркот, особено во топло време, се нешто пријатно и корисно за сите нас. Но, треба да ја имаме во предвид опасноста од паразитите кои се шират претежно во овие места. Еве неколку работи, преку кои ќе се заштитите од опасните крлежи.

1. Крлежите не ја населуваат секоја трева и шума. Знаејќи го ова, може да се избегне средбата со нив, така што нема да влегувате во длабоки треви и грмушки. Освен тоа, тие претпочитаат треви и грмушки во листопадни, а не во зимзелени шуми.

2. Најдобрата облека која може да ја изберете за излетите, е тенка кошула со долги ракави и тенки, но долги панталони. Добро е облеката да биде во светла боја, за да може што е можно побрзо да го забележите несаканиот гостин на нив.

3. Под никакви околности не излегувајте надвор без капа. Косата е идеална средина за крлежите. Најдобро ќе биде за секој случај по прошетката да ја проверите областа зад ушите и вратот, кои не се покриваат од шапката.

4. Пред да излезете, нанесете на вашата кожа специјален пртепрат, кој ќе ве заштити од нив. Таков препарат може да си направите и сами, окако додадете неколку капки еукалиптус (масло или алкохол). Неговата миризба ги одбива крлежите.

5. Секој пат кога ќе стигнете од прошетка, внимателно погледнете го своето тело и телата на сите од семејството. Најранливи на каснување се преклопите на колената, препоните, половината, градите, пазувите, ушите и вратот.

Види

Користење на јаболката и другите сезони

Јаболкото по потекло е од Азија и постојат околу 7.500 познати сорти во светот. Годишно …