17.03.2025
Почетна / Градина / Вести / Периодот на суво и стабилно време продолжува во Македонија, но подгответе се за значително поладен период!

Периодот на суво и стабилно време продолжува во Македонија, но подгответе се за значително поладен период!

До крајот на денешниот ден, утре (петок), како и за време на викендот во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време, повремено со појава на умерена облачност. Сепак, и покрај ова, температурите ќе бележат тендција на постепено опаѓање, особено од овој викенд, кога повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот најизразен ќе биде Долж Повардарието.

Само накратко во недела ќе има услови за сосема слаб, локален и краткотраен дожд.

Во Скопје и околината, исто така продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време, повремено со мала до умерена облачност. Особено за викендот повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Како што погоре напоменав, температурите постепено ќе опаѓаат, а поголем пад на температурите ќе има од недела кога тие ќе опаднат за 6 до 9 степени во однос на оние кои ги имаме сега. Додека наутро веќе на повеќе места во Македонија и тоа особено од почетокот на следната седмица ќе се создаваат услови за појава на мраз и на слана.

Се на се, од недела (3.11.2024) влегуваме во значително поладен период кој ќе се задржи во поголем поголем дел од месец Ноември, а температурите ќе бидат потпросечни.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

Кучињата за кои ќе помислиш дека потекнуваат од друга планета

Многу ретко може да имате среќа да наидете на куче чии карактеристики се различни од …