14.12.2024
Почетна / Градина / Папаја – ангелско овошје или златно дрво на животот

Папаја – ангелско овошје или златно дрво на животот

Папајата (Carica Papaya) е вид на тропско овошје со жолто-портокалова боја кое расте во гроздови и има повеќе црни семки во средината.

Таа е плод на дрво од родот Caricae. Расте 5-10 метри во висина, а има спирално наредени листови.

Ова овошје потекнува од Јужна Америка. Кристофер Колумбо во своите документирани патешествија го нарекол „ангелско овошје“, а Васко де Гама „златно дрво на животот“.

Тајландските нутриционисти се почесто на своите пациенти им препишуваат конзумирање на Патаја. Тоа се претставници на семејството кактуси, кои го регулираат шеќерот во крвта и го собираат холестеролот, соопшти весникот Daily Mail.

Плодот е богат со витамин Ц и други антиоксиданси, влакна, калциум, магнезиум.

Ова извонредно јужно овошје има способност да ги сврзе токсините во тенкото црево и побрзо да ги исфрли од организмот со што го намалува ризикот од појава на канцер на цревата. Се користи за сите видови на стомачни тегоби: диспепсија, покачено ниво на желудочни киселини и желудочен рефлукс, дијареа, констипација, дизентерија, уништување на цревните паразити и друго.

Медицинските истражувања покажале и дека папајата делува и против рак на црниот дроб најверојатно заради состојката ликопен.

На вкус е помеѓу киви и круша. Се јадат и неговите семиња.

Освен во Тајланд, патајата се одгледува во Шри Ланка, Бангладеш, Филипините.

Види

5. цвеќиња кои ги сакаат северните простории

Некои цвеќиња претпочитаат светлина, но не сонце. Други се дефинитивно љубители на темните простории. Значи, …