07.12.2023
Почетна / Градина / Овошје кое ги отстранува брчките

Овошје кое ги отстранува брчките

Јагодите, боровинките, малините и капините го намалуваат предвременото стареење на кожата, тонизират и ги минимизираат брчките.

Многу истражувања ги покажуваат позитивните резултати за благотворното влијание на овие вкусни плодови врз кожата. Јагодите и боровинките се докажуваат како антиоксиданти.

Малините и капините го стимулираат обновувањето на клетките и ја зголемуваат еластичноста на кожата. Треба да се консумира доволно количество од овие плодови, за да се заштитите од црвените дамки по лицето, испуканите капилари и проширените пори.

Тие помагаат за зајакнување на крвните садови во епидермисот. Препорачливо е да јадете од овие плодови во сурова состојба,  за да ја негуваат кожата оптимално и да го снабдуваат организмот со витамини. Кајсиите, морковите и лубениците обезбедуваат убав тен.

Консумирајте ги во сурова состојба, за да ги искористите максимум предностите кои ви ги даваат. Тие содржат големи количини бета каротин, кој помага во одржувањето на здрав и убав тен. Бетакаротинот го стимулира производството на меланин, ја хидрира кожата и ја прави повторно еластична и млада. Кајсиите и лубениците се идеални за прочистување, тонизирање на организмот и да го ослободите од натрупаните отрови.

Види

Дуњата е симбол на среќа и љубов – Таа е витаминска бомба што има многу лековити својства

Дуњата (Cydonia oblonga) е единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 …