29.03.2024
Почетна / Градина / Овогодишнава берба на јаболкава, е една од поголемите катастрофи што ја има снајдено Преспа

Овогодишнава берба на јаболкава, е една од поголемите катастрофи што ја има снајдено Преспа

„Може ли човек да биде среќен во несреќна држава?

Овогодишнава берба на јаболкава,драги мои,е една од поголемите катастрофи што ја има снајдено Преспа и особено нас овоштарите.
Работнициве недисциплинрани (а добро е што ги има,зошто други нема),времево претопло,родов намален,очекувањата големи,разочаравуњата уште поголеми,ценава под сите очекувања а критериумиве се построги…!?
Притоа,незнам само дали оваа катастрофа е последната и најголемата?!
Дедо ми Стево велел вака:„Биро,ко ќе дојт сиромаштијата отворејтеј вратите,да излезит шо побргу“.
Кога сме кај сиромашијата,најдобрата дефиниција за неа и за нејзиното потекло ја даде еден од ликовите во една од драмите на Бертолт Брехт.Имено во еден дијалог со еден богат човек сиромавиот му се обраќа со зборовите:„Ти,вели,никогаш немаше да бидеш богат,ако јас не бев сиромав“.
Така е драги мои и со нас овоштариве!
Ако ние не бевме сиромашни,оние коишто живеат од нашата пот немаше да бидат богати.
Секое богатсво,пак, има смисла само во соответен контекст.На крајот на краиштата,неможе никој да биде среќен во несреќна држава,зошто утре ако ве касне пчела, ќе морате во Скопје да одите да се лечите.
И на крај,морам да ве утешам со дефиницијата што за сиромаштијата ја даде мојот комшија Стојан Бојчевски:„Комши,рече Стојан,ич да не са секираш-и најголемата сиромаштија трајат само три години.Сетне,рече Стојан,ќе навикниш на њја“!“

Facebook статус: Стевче Радевски

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …