05.07.2022
Почетна / Градина / Вести / Овие луѓе веќе се вклучија во проектот “Дотерај го Скопје”

Овие луѓе веќе се вклучија во проектот “Дотерај го Скопје”

Се поголем број на граѓани од различни генерации и профили се вклучуваат во проектот “Дотерај го Скопје”. Проектот, кој веќе 30 дена се спроведува во сите општини низ градот Скопје, е одлично прифатен од жителите.

Хит на неделата е секако Сузана Зафирoва, 64 годишна пензионирана професорка и ликовен уметник, која со својата енергија, здраво размислување и активизам пркоси на очекувањата за својата возраст. Изминатиов викенд, и таа се приклучи кон кампањата и стана урбан херој на Скопје.

Марија Џиџева е светски позната режисерка, лице со високо ниво на свест за животна средина. Изминатиот викенд им даде пример за своите соседи во општина Карпош за тоа како се чисти од ѓубре јавниот простор и колку е лесно еден запуштен простор да се зазелени.

Бојан Трајков, студент на Економски факултет во Скопје, е вклучен во активностите на „Дотерај го Скопје“ од самиот почеток. Тој е свесен дека со малку труд, сите можат да имаат поубави и позелени јавни простори во градот.

Полека но сигурно, „Дотерај го Скопје“ се наметнува како заедничкиот именител за сите генерации и профили на граѓани кои сакаат да го разубават градот во кој живеат и работат. Активностите на „Дотерај го Скопје“ ќе продолжат и во месеците Јули и Август, а ќе бидат заокружени со фестивалот „Дотерај го Скопје“, кој ќе се одржи во Јавна соба во период од 1 до 3 септември, 2017. „Дотерај го Скопје“се спроведува од страна на Јавна соба во рамки на камањата “Мрдни со прст”.

Види

На која позиција треба да бидaт цвеќињата поставени во домот

Саксиите со цвеќе секогаш треба да бидат сместени во простории каде ќе имаат поволни услови …