100 г овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris)
100 г ајдучка трева (Achilea millefolium)
50 г имела (Viscum album)
Сите билки се мешаат па 5 супени лажици се прелеваат со еден литар зовриена вода, се промешува и поклопува. Се остава да отстои еден час. Се процедува и се пие во текот на денот, поделено во три дози, пред јадење, незасладено. Чајот се пие еден месец, па се прави пауза од една седмица, па се повторува циклусот.
Пред да започнете со користење на народните лекови, консултирајте се со вашиот матичен лекар!