18.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Овчарска торбичка – ја има насекаде, а не знаете колку е лековита!

Овчарска торбичка – ја има насекаде, а не знаете колку е лековита!

За лек се собира надземниот дел, кој се употребува против сите видови на крвавења (од нос, желудник, црева, хемороиди, од рани кога крвавењето не може да запре) и кај неуредна менструација, советуваат од НМД.

При силни менструални крвавења треба да се пијат по две чаши чај (на 200 мл зовриена вода се става полна чајна лажичка од билката), осум до десет дена пред менструацијата. Овој чај се користи и за регулирање на менструацијата во пубертет. Во периодот на менопауза секоја жена би требало да пие по две чаши чај, во текот на четири седмици, а потоа да се направи пауза од три седмици, па да се повтори цикусот.

Исто така, се употребува и за лекување на тумори (фиброми) на матка, за регулирање на крвниот притисок (и за висок и за низок крвен притисок). Овчарската торбичка може да се употребува за болести на мускулите, зглобовите, слабост на мускулите на дебелото црево, пролапс (испаѓање на дебело црево), матка и кила.
Се употребува во форма на чај, облоги, купки и тинктура.

Облога: Две полни раце овчарска торбичка (по можност свежа) се става на цедалка врз пареа додека да омекне. Омекнатата билка се става на памучна крпа па се нанесува на болното место.

Тинктура: Свежа билка, листови, стебленце и цвет, ситно се сечка па растесено се полни стаклено шише до врвот, се прелива со 38-40% житна или овошна ракија, па се остава да отстои 14 дена на сонце или топло место. (за надворешна употреба)

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …