Почетна / Градина / Вести / Оваа земја не е членка на ЕУ, а е новиот шампион на земјоделството во Европа

Оваа земја не е членка на ЕУ, а е новиот шампион на земјоделството во Европа

Европа има нов шампион во развој во земјоделството. И тоа не е дел од Европската унија (ЕУ), но од друга страна, голем дел од неговото производство е токму за пазарите на земјите-членки.

Минатата сезона, Украина го зголеми извозот на жито за 34% на 31,1 милиони тони, поддржана од силниот извоз на пченица и пченка. Ова го покажуваат податоците на украинското Министерство за економски развој, трговија и агрокултура.

Според нив, извозот на пченица се зголеми за 4,5 милиони на 14,99 милиони тони, додека извозот на пченка се зголеми за 3,7 милиони на скоро 12 милиони тони. За 2019 година, источноевропската земја бележи рекордна жетва од 74 милиони тони житни култури, во споредба со 70 милиони тони во 2018 година.

Пресметките на Европската комисија (ЕК) покажуваат дека земјоделството во Украина доживува вистински бум. Земјата е трет по големина снабдувач на земјоделски култури во ЕУ за периодот ноември 2018 – октомври 2019 година и има вкупен волумен од 7.26 милијарди тони. Така, тaa се рангира веднаш по САД и Бразил во овој поглед.

На годишна основа, извозот во земјите-членки порасна на 2,1 милијарди евра или 41%, според пресметките на веб-страницата „Нова Европа“.

Во меѓувреме, земјата е веќе светски лидер во производството на сончоглед и сончогледово масло. Сега надлежните во Киев бараат можности да влезат на нови пазари и да ја разгледаат Азија.

Земјата неодамна беше одобрена да извезува свежи јајца во Јапонија.

Види

Идеи како да го уредите вашиот двор (Фото)

Идеи како да го уредите вашиот двор