20.04.2024
Почетна / Uncategorized / Оваа година со нови критериуми за субвенционирање на житните култури

Оваа година со нови критериуми за субвенционирање на житните култури

Годинава има нови критериуми за субвенционирање на житните култури. По 12.000 денари за хектар ќе добијат земјоделците кои ќе употребуваат сертифицирано семе. Другите полјоделци кои нема да садат со вакво семе ќе добијат двојно помалку или само по 6.000 денари за хекта, соопштуваат од МРТ.

Производителите на пченица, житни и индустриски култури доколку употребиле сертифициран семенски материјал ќе добијат субвенција од 12.000 денари за хектар за минимум засеана површина од 0,3 хектари.

За површини од 5 до 50 хектари со употребен семенски материјал, земјоделците можат да добиваат по 14.400 денари за хектар.

За другите кои ќе сеат со обично семе, субвенцијата ќе изнесува двојно помалку односно 6.000 денари.

Финансиската поддршка ќе се намалува и процентуално во зависност од големината на засеаните површини.

За нивите со големина од 10 до 50 хектари следуваат и дополнителни 5.760 денари.

Услов е да се употреби сетрифициран семенски материјал и да се добијат просечни приноси повеќе од 4.000 килограми за пченица, 3.000 за другите житни култури или 1.800 килограми по хектар за сончоглед.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …