Почетна / Градина / Оваа билка која ја има во нашата држава е вистинско богатство за здравјето – Еве што лекува

Оваа билка која ја има во нашата држава е вистинско богатство за здравјето – Еве што лекува

Коњско опавче или пршлика е род на васкуларни растенија кои се размножуваат со спори наместо со семиња. Родот вклучува 15 вида. Тоа е единствениот рецентен род во класата Equisetopsida, која скорешни молекуларни анализи ја сместуваат во одделот на папрати (Pteridophyta). Познати се и други редови од Equisetopsida од фосилните пронајдоци кои биле важни членови на светската флора за време на карбонот.

Коњското опавче е многу распространет плевел, кој расте на влажни ливади, мочуришта и на калливи места. Најважно дејство на оваа билка е тоа што го засилува излачувањето на урината (дејствува како диуретик). Затоа се употребува при заболувања на уринарниот тракт и за исфрлање каменчиња од бубрезите и мочните патишта.

Оваа билка влегува во состав на многу диуретични чаеви, најчесто во комбинација со лист од бреза, троскот и ситница. Свежо подготвениот чај се препорачува да се пие неколку пати на ден, незасладен. Максималната дневна доза е 1 l чај, во времетраење од три недели.

Надземниот дел од коњското опавче благопријатно делува и за подобрување на симптомите на гихт и подагра, за леукореја (зголемен вагинален секрет), како и за подобро варење на храната и против гасови.

Коњското опавче содржи: калциум, силициум, железо, хром, магнезиум, калиум, фосфор, селен, натриум, цинк, витамин А, витамин Б2, витамин Б3, витамин Б5, витамин Ц, витамин Е, флавоноиди, антиоксиданти, фитострероли, сапонини, танини, масни киселини и силициумски киселини.

Види

Макроелементи кои се потребни за потхранување на растенијата

Прехранбените минерали (основни и благотворни), се од суштинско значење за растот на сите растенија. При …