25.04.2024
Почетна / Градина / Отстранување на плевелот на природен начин

Отстранување на плевелот на природен начин

Во изминатата недела нашата екипа доби неколку прашања за тоа како да го контролирате плевелот во вашите тревници и градини. Сметаме дека тоа е прашање вредно милион долари, за кој не постои некој магичен трик да биде решено. Но, затоа е потребно малку трпение и посвета и секако дека од резултатите ќе бидете презадоволни. Имајте на ум дека превенцијата е најдобриот начин да се намали плевелот од ширење во текот на следната година. За да се справите со плевелот постојат неколку еко-пријателски опции.

Рачно отстранување Прво обидете се преку влечење на плевелот, меѓутоа директно отстранување со неговиот корен. Бидејќи ако сте го отстраниле само стеблото, тој може повторно да порасне и повторно да ви претставува дополнителен терет. Овој начин е ефтин, но бара повеќе работна сила за целосно да биде применет.

Прекривка од слама и лисја Слојот од прекривка може да биде доста ефикасен при спречувањето на повеќето плевели од ‘ртење. Но внимавајте доколку купувате слама или лисја за оваа намена. Оваа органска прекивка не треба да содржи арсен и бидете сигурни дека на етикетата ви е обележано отстуството на арсен.

Спрејови и покиснувачи Овие спрејови и покиснувачи доаѓаат во контакт со растението и ги горат неговите клетки. Овој таканаречен контактен хербицид е најефективен за млад годишен плевел. Тие се доста корисни, но во праксата не се 100 % ефективни, бидејќи постои можност од коренот да се генерира нов раст. Врелата вода исто така добро функционира во убиството на плевели. При користење на оваа метода внимавајте да не прскате на другите растенија. Оцетот или оцетната киселина не многу ефикасен за зрелиот плевел. За строгиот плевел препорачуваме минимална концентрација од над 7% и потребата од допир на коренот. Бидете претпазливи при користењето на оваа киселина, таа може да биде опасна за кожата и очите. Други хербициди во течна форма, може да бидат нафтата или лимонската киселина. Гранули од пченка Глутенот од пченката е производ кој се користи како органски производ при контролата во тревниците. За резултатите да бидат одлични, потребни се неколку сезони на третман. Во него се содржи 10% азот и овој третман станува се по корисен и по популарен.

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …