Почетна / Градина / Вести / Отровот од црната мамба заменува морфиум

Отровот од црната мамба заменува морфиум

Француски научници од Институтот за молекуларна и клеточна фармакологија во Валбона-Франција открија уникатен аналгетик без несакани ефекти.

Се работи за отров од црна мамба за која научниците открија дека заменува морфиум! Од “оружјето” на црната мамба, најмногу отровната африканска змија, тие успеаја да издвојат два протеини со исклучително аналгизирачко дејство.

Аналгетикот е еднаков по сила на влијанието на морфиум, и ги нема несаканите ефекти. Испитувањата се направени врз глувци на кои им давале “мамбалгин”, и се открило дека тие немаат никакви проблеми со дишењето – за разлика од морфиумот.

Новиот аналгетик сеуште се изучува, но е поврзан со блокирање на нервните патишта за пренос на болката. Еден од водечките истражувачи – Ерик Лингуелја смета дека ова е само прв чекор и истражувањата и понатаму ќе продолжат.

Види

Есенско сузбивање на плевели

Сузбивањето на плевелите е една од најзначајните агротехнички мерки во процесот на производство на житни …