19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Отровот на црната мамба може да замени морфиум

Отровот на црната мамба може да замени морфиум

Француски научници од Институтот за молекуларна и клеточна фармакологија во Валбона-Франција открија уникатен аналгетик без несакани ефекти.

Се работи за отров од црна мамба за која научниците открија дека заменува морфиум! Од “оружјето” на црната мамба, најмногу отровната африканска змија, тие успеаја да издвојат два протеини со исклучително аналгизирачко дејство.

Аналгетикот е еднаков по сила на влијанието на морфиум, и ги нема несаканите ефекти. Испитувањата се направени врз глувци на кои им давале “мамбалгин”, и се открило дека тие немаат никакви проблеми со дишењето – за разлика од морфиумот.

Новиот аналгетик сеуште се изучува, но е поврзан со блокирање на нервните патишта за пренос на болката. Еден од водечките истражувачи – Ерик Лингуелја смета дека ова е само прв чекор и истражувањата и понатаму ќе продолжат.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …