29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Oткупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5.7 % во однос на истиот период од претходната година

Oткупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5.7 % во однос на истиот период од претходната година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5.7 % во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 4.7 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 6.5 %.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, градинарските растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата, а намалување е забележано кај: индустриските растенија, фуражните растенија, млекото, млечните производи, кожата и волната и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во сите месеци од второто тримесечје.

 

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …