28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Околу 65 илјади земјоделци ќе бидат ослободени од товарот на персоналниот данок

Околу 65 илјади земјоделци ќе бидат ослободени од товарот на персоналниот данок

Ви пренесуваме интегрален дел од соопштението на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски :

Интересот на земјоделците е врвен приоритет на Владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Секој наш чекор, секоја наша мерка, е во насока на придобивка за земјоделците и нивната заштита.

Затоа денеска, со задоволство, ги известувам земјоделците, за нова поддршка од страна на Владата: Најдовме решение во делот на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за персонален доход, кое ќе биде во инетерес на земјоделците.

Не водеше состојбата во земјоделскиот сектор и потребите на индивидуалните земјоделци. Разговаравме со сите засегнати страни за да биде постапката сеопфатна. Заедно со Mинистерството за финансии, имаме предлог законско решение за персонален данок, од кој директна полза ќе имаат земјоделците.

Имено, сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и ќе имаат приход до 1 милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, на крајот ќе им биде во целост вратен.

Со тоа, досегашното ослободување до 300 илјади денари приход, ќе се претвори во поврат за земјоделците со основнаа дејност што имаат приход до милион денари.

Тоа значи дека околу 65 илјади земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок. Нагласувам: Околу 65 илјади земјоделци ќе бидат ослободени од товарот на персоналниот данок. Со оваа мерка, околу 7 милиони евра повеќе пари ќе останат кај земјоделците. Од државата се пренасочуваат кон граѓаните земјоделци.

Повратот значи ослободување, оти на крај на година земјоделците ќе добијат пари што ќе се вратат кај нив. Дополнително: Со новите измени ги ослободуваме земјоделците од административните трошоци. Ќе бидат ослободени од обврската да поднесуваат даночни пријави. Тоа во нивно име ќе го сторат откупувачите.

Ова е целосно реализирање на нашата обврска пред изборите и од нашата Програма: Дека земјоделците ќе бидат ослободени од паушално одданочување.

По неселективната исплата на повеќе од 90 милиони евра субвенции, зголемувањата на поддршката за голем број култури, на ред дојде и ветената даночна реформа.

Партнерскиот однос кој го градиме со земјоделците е се повидлив, а резултатите се неминовни. Со новиот Буџет, најавуваме развојни проекти и силна поддршка за модернизација и развој на македонскиот аграр. Со тоа ја иапсолнуваме нашата цел за враќање на достоинството на македонскиот земјоделец и доближување на нашето земјоделство до европските стандарди.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …