06.07.2022
Почетна / Градина / Одгледување на Темјанушкa – При доволно грижи би можеле да им се радуваме во текот на целата календарска година

Одгледување на Темјанушкa – При доволно грижи би можеле да им се радуваме во текот на целата календарска година

Собните темјанушки се едни од најубавите и најлесни цвеќиња за одгледување. При доволно грижи би можеле да им се радуваме во текот на целата календарска година. Исклучително убави и со широк спектар на бои, темјанушките се цвеќиња кои придонесуваат за удобноста во домот.

За нивно одгледување потребно е да внимавајте на неколку работи:

Ставете ја саксијата со растението на место каде што има доволно светлина, но не премногу сонце. Заштитете го од директна сончева светлина на пладне. Најдобро е да ги ставите темјанушките на западниот прозорец, или да ги заштитите со завеси.

– Изберете мала саксија, околу десет сантиметри и не повеќе од тринаесет сантиметри во дијаметар. По можност од пластичен материјал.

– Обезбедете добра дренажа така што ќе го пополните садот до половина со керамзит и додадете малку јаглен.

– Важно за растението е правилно наводнување. Користете само топла водичка.

– Темјанушките треба да ги прскате и миете. Во никој случај не ставајте го растението на прозорецот влажно, инаку на него ќе се појават дамки.

Размножувањето на ова растение станува преку лисјата, откако ги засадите во посебен сад. Бидете трпеливи, бидејќи може да нема никаква промена долго време. Сите измени се вршат под земја и поради тоа не ги гледате.

Сега веќе знаете како да се грижите правилно за темјанушките. Како што гледате, тоа не е толку комплицирано колку што изгледа на прв поглед. Ви посакуваме среќа!

Види

Зошто дома секогаш треба да имаме мајчина душичка

Со доаѓањето на есента доаѓаат променливото време и есенските болки. Најчести се настинки, есенскО течење …