20.04.2024
Почетна / Градина / Одгледување на кринови

Одгледување на кринови

Криновите се повеќе се одгледуваат кај нас. Тие бараат многу светлина и тоа е услов за квалитетни цветови. Многу е важно да се внимава на температурата затоа што и таа е битна за правилен развој на пупките.

Цветните дршки на криновите ќе бидат пократки доколку деновите се подолги, а садењето е подоцно.

Криновите најдобро успеваат на тресетни почви и песокливи почви богати со хумус.

Потешки почви може да се користат, но тогаш мора да се преземат посебни агротехнички мерки за да се зголеми пропусната моќ за вода. Постои можност на такви почви цветната дршка да остане кратка.

Се препорачува за основното ѓубрење по еден ар во горниот површински слој од 15 сантиметри да се внесе прегорено арско ѓубре со малку слама. На тешките глинести почви се додава тресет и минерални ѓубрива. Сето ова може добро да се измеша во горниот слој на почвата. Времето на внесување на ѓубривото е 50% пред садењето и 50% непосредно пред никнувањето.

Со цел да се добијат поздрави и поцврсти дршки, потребно е 3-4 недели пред цветањето да се изврши прихрана со лесно топливо азотно ѓубриво во доза 2-3 килограми на површина од еден ар.

Доколку на исто земјиште во пластеникот повеќе години се одгледуваат кринови, неопходно е пред почетокот на производството да се стерилизира почвата со пареа. Кореновиот систем на кринот не смее да биде во вода, а нивото на подземна вода треба да биде најмалку 40 сантиметри под површината на земјата. Во случај на повисоки подземни води, кринот се одгледува на подигнати леи. Најдобри резултати се постигнуваат доколку веднаш се засадат луковиците кои се чуваат во ладилници каде што температурата е 2 Целзиусови степени. Криновите се садат во леи во стакленик или пластеник. Најдобро е ширината на леите да биде еден метар, а помеѓу нив да се остави патека во широчина од половина метар. Густината на садење зависи од големината на луковиците. При подоцно садење се препорачува погусто садење.

Луковиците на кринот се садат прилично длабоко. Во зимскиот период потребно е над луковиците да има шестсантиметри земја. Кога тие се садат во летниот период, потребно е над земјата да се стави слама за да се спречи прекумерно загревање. Добри резултати се постигнуваат и со садење во саксии кои треба да бидат високи најмалку 12 сантиметри со пречник 10 до 12 сантиметри. Луковиците во саксиите треба да бидат покриени со земја во висина од осум сантиметри и треба да се внимава на наводнувањето затоа што водата побрзо испарува во саксии.

Наводнувањето започнува веднаш по никнувањето на растенијата и се врши исклучително во утринските часови. Влажноста на воздухот е битен фактор поради опасноста влажните делови на растението да не се исушат затоа што тогаш постои опасност од оштетување на нежните листови.

Режењето на цветовите треба да се започне веднаш по појавувањето на бојата. Раното режење на цветовите може да доведе до опасност од неотворање на цветовите.

Пишува: м-р Томе Тимов

Извор: ФФРМ

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …