Почетна / Градина / Вести / Одгледување на гербер

Одгледување на гербер

Во денешно време одгледувањето гербери станува актуелно. Факт е дека герберот е една од културите која дава најголема гаранција за во иднина, а тоа се должи на неколку причини:

Асортиментот се подобрува многу брзо;

Сега се употребува подобар систем за пакување со униформни кутии со кои се решаваат транспортните трошоци;

Подобрена е можноста за подолго траење на цветот со хемиски средства.

При производството на гербер треба да се обрне внимание на неколку фактори:

Почва

Добра дренажна почва со добра структура е еден од најважните услови за успешно одгледување на гербер. Ако почвата е премногу влажна, со многу органски материи и со лош профил, тогаш има опасност растението да угине од фитофтора и питиум. Пред да се отпочне со одгледување, се препорачува претходно да се направи анализа на почвата. Исто така, препорачливо е да се додадат некои органски материи заради корекција на:

Текстот продолжува на следната страна

а) пропустливоста,

б) моќта за поврзување на влагата со почвата,

в) стабилноста на структурата.

Општи совети:

Два кубни метра органска материја за сто квадратни метри, добра обработка на горниот дел од почвата (20 см). Расадување Герберите треба да се расадуваат веднаш по нивното пристигнување, бидејќи младите садници продолжуваат со својот раст и тој не смее да се запре.

По расадувањето и за време на расадувањето, горниот дел на почвата мора да биде доволно влажен, но не премногу. За расадување потребни се минимум 12 степени и дневната температура не треба да биде повисока од 30 Целзиусови степени. Релативната влажност (RV) мора да биде што е можно повисока. Ноќната температура мора да биде помеѓу 20-22 Целзиусови степени.

Во периодите на јако сонце треба да се заштити со засенчување и намалување на јачината за 45-50%. Засенчувањето помага да не се врши често проветрување, кое не е добро за влажноста (RV). Многу корисно за растенијата е да се врши малку полевање на растенијата одозгора и тоа еднаш дневно (наутро). Не смее да се дозволи да се забележат суви кругови во површината на герберот и затоа треба да се внимава до крајот на вегетацијата. Со полевање на растенијата одозгора може да се продолжи додека не се појави првиот цвет. Неколку седмици пред појавата на првиот цвет може да се почне со наводнување и тоа преку инсталациската линија за распрскување.

Автор на тектстот: м-р Томе Тимов – агроном

Извор: ФФРМ

Види

Дечко живее целосен зелен живот и се си одгледува во својата градина

Овој дечко одгледува се што троши. Првично тој работел индустриското земјоделство, па од таму ги …