Почетна / Градина / Животни / Очи во очи со чудовиштето

Очи во очи со чудовиштето

Во градот Дарвин во Австралија, се наоѓа познатата зоолошка градина за влекачи, „Crocosaurus Cove“.

Ова место нуди вистинско доживување за љубителите на силните чувства, така што имаат можност да пливаат во близина на Кралот на крокодилите.

Тука улогите се разменети: најголемиот крокодил во Австралија е на слобода во своето живеалиште, а луѓето се во кафезот. Само еден лист проѕирна пластика ги дели љубителите на екстремните искуства од забите на овој крокодил.

Кој е бестрашен, може и сам да го посети, иако повеќето влегуваат во транспарентен кафез за двајца. Самата клетка и кафез се спушта со челични јажиња и по 5 минути се вади назад на површината.

Љубителите на високиот адреналин се воодушевени од “клетките на смртта”. И со голо око се може да ги видите трагите од забите и ноктите кои крокодилот ги оставил на надворешните ѕидови на клетката, обидувајќи се да доручкува. Цената за едно потопување е околу100 долари.

Види

Богатството на Демир Капија: Белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus)

Најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на …