25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Обсидијан е каменот на вистината – тој што го има му помага да ги види работите какви што се

Обсидијан е каменот на вистината – тој што го има му помага да ги види работите какви што се

Обсидијанот секогаш бил предмет на особен интерес и негово место имало и кај поставувањето пред олтарите на духовниците или владетелите. Интуитивно се знаело дека овие камења имаат специфично делување кое се користело за терапевтски цели. Тој се користел како предмет за работа и лов. Бил мошне користен во античко време за правење стрели, сечила, најразлични алатки и оружја, накит и огледала.

Се состои од силициум диоксид (SiO2) скоро 70%, па и повеќе. Неговиот состав е многу сличен на гранитот и базалтот. Тврдината по Мосовата скала изнесува околу 6,5 така што употребните траги на површината се создаваат полесно и побрзо отколку кај рожнеците. Има изразена мазна, сјајна површина со школкест прелом.
Се јавува воглавно во сива, сивоцрна, црна боја, иако дисперзниот хематит може да му даде темноцрвена или кафејава боја.

Мошне силно е поврзан со базичната чакра и ни овозможува добро да се поврземе со земјата. Најдобро е да се користи под водство на искусен терапевт. Неговите вибрации се способни да допрат до најскриените тајни, чувства и емоции во нашата потсвест. Ги достигнува и оние кои се стари по неколку години, а се случува да ги допре и оние клучни емоции од минатите животи.

Тој е камен кој што се формира кога лавата од вулканската ерупција се лади во земјата. Најчестата боја во која што може да се најде е црната, а тој може да биде и светло кафен, кафено црн и црн со златен или сребрен отсјај. Постои и обсидијан низ кој може да се најдат бели шари кои во суштина се кристализиран дел од целината. Најубавата варијанта на овој камен најверојатно е обсидијанот кој е црн со виолетови, зелени и златни делови. Уште се нарекува и „камен на вистината“ бидејќи му помага на оној што го користи да ги види нештата какви што се. Тој помага да се откријат и отстранат вистинските причини за појавата на болестите. Добар е за ослободување од блокади, како и за потешкотии поврзани за коскениот систем и зглобовите.

За повеќе и за нарачки на Македонски РУБИН

Види

Колку ветерот може да биде од корист?

Ветрот е движење на воздухот од подрачје со висок притисок кон подрачје со низок притисок. …