18.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Ново фронтално пореметување: Какво време не очекува во текот на оваа недела?!

Ново фронтално пореметување: Какво време не очекува во текот на оваа недела?!

Над Македонија веќе имаме стациониран антициклон со поле на висок воздушен притисок, што овозможува стабилни и суви временски прилики кај нас.

Почетокот на оваа седмица очекуваме и малку поголем прилив на потопла воздушна маса од Медитеранот, што во следните три дена ќе ни обезбеди претежно стабилно и суво време, пред се и прилично топло како за овој период од годината со надпросечни температури на воздухот. Дневните максимуми во текот на денешниот ден како и во денот вторник би се движеле во просек од +13 до +20 С, а во најтоплите делови на државата не е исклучена можноста температури да имаме и до околу +22 степени. Генерално топло ќе биде и во среда, со тоа што во среда облачноста постепено ќе започнува да се зголемува од запад, што всушност ќе биде и предзнак за доаѓање на нова промена на временската состојба во Македонија.

Па така според сегашните изгледи во денот четврток 20 / 02, нашата територија ќе биде зафатена од нова влажна и нешто постудена воздушна маса од север и северозапад, повторно по се изгледа во вид на нов атмосферски фронт што ќе ни донесе наоблачување а со самото тоа и врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе започне да дума умерен а локално и засилен северен ветер, што може да овозможи снежната граница да се спушти и на повисоките планински подрачја. Станува збор за нов пак брз фронт, но најсигурни детали за него во следните наши метео извештаи. А сега уживајте во топлината и убавото време кое ни предстои во следните 2-3 дена, а потоа……ќе видиме. Детали наскоро. Следете не!!

Подготви: Denis Muhovic

Види

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде …