Почетна / Градина / Вести / Нова вонредна најава за вистинско снежно време и студ

Нова вонредна најава за вистинско снежно време и студ

Како што и самите знаете веќе со денови сме под влијание на доста студена воздушна маса која ни се спушти од североисточна Европа а е со потекло Сибир, и истата веќе условува доста студено време што е типично карактеристична појава за ова наше подневје и овој дел од годината. И додека во добар дел од источна и југоисточна Европа владее вистинска зима со снег и ниски температури, на југозападот од Европа владее вистинска пролет во поглед на температури и временските прилики, температурите во овој дел од континентот се искачуваат и до високи +20 С, колку што се измерени во делови на Шпанија.

Да се вратиме ние на временската состојба за нешто подрачје кое со денови мрзне, вечерва е ведро во поголем дел од Македонија па така поради разведрувањето во текот на вечерните и ноќни часови ќе имаме кочан ладно време насекаде низ земјава со што минимумот до утре изутрина ќе се спушти во интервал од околу -18 до -8 С, на планините и под -20 С. А времето утре (вторник) ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и студено време. Доцна навечер и преку ноќта од северозапад ќе имаме ново зголемување на облачноста, што веќе ќе биде предзнак за она промена промена што ќе настапи од денот среда.

А кога сме веќе кај овој ден (среда) ние ги имаме следните метеоролошки прилики, кои според последните метео временски анализи ги имаме следните детали. значи во среда 9 / 1, како последица на новата средоземна циклонска активност Македонија ќе биде зафатена од НОВ ВЛАЖЕН БРАН со врнежи од снег, снегот најпрвин ќе ги зафати западните и северозападните предели, за во текот на денот или попладневните часови тие врнежи да се прошират над поголем дел од земјава. Овој циклон ќе биде во облик на СНЕЖЕН БРАН во кој поголем дел од Македонија ќе донесе врнежи од снег и на повеќе места ќе се формира нова локално и ПОЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА.

Овој бран на снежни врнежи има сигнали да се задржи се до четврток напладне па така што очекуваме локално и ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од снег, а според моменталните податоци на прогнозистичките модели од овој снежен бран што ќе владее во период (среда-четврток) на планините ќе овозможи нова покривка повисока од 50 см, планинските предели помеѓу 15-30 см, низините помеѓу 10-20 см. Проценките и немора да значат ништо бидејќи истите ќе варираат од многу фактори што значи или подолу или погоре од горе наведените итн. Како и да е денот среда и четврток во Македонија носи право СНЕЖНО ВРЕМЕ со снег во најголем од Македонија, за дожд не би требало да прајме муабет затоа што за него мала е веројатноста а и доколку истиот се појави во некои низини тоа би бил слаб и локален, бидејќи снегот е многу најсигурен во вакви околности и ако секако и за дождот ќе оставиме некој мал % за негова евентуална појава. Ниту еден Метеоролог неможе да ги предвиди 100% сите метеоролошки ситници, па така и ние аматерите.

Како и да е подгответе се за нов СНЕЖЕН БРАН кој ќе донесе снег во најголем дел од Македонија и тоа во среда и четврток. Во најголем дел ќе се формира нова, локално и позначителна снежна покривка, а очекуваме во некои делови и ИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ врнежи. Нови прогнози секако наскоро затоа следете не !

Временскиот извештај го анализира и подготви: Денис Муховиќ

Види

Црнотo јаболко со вкус посладок од мед и сочност неспоредлива со било кое друго јаболко

“Црнотo јаболко” е ретко јаболко со црна боја, со вкус посладок од мед, и сочност …