19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Нов временски извештај: Какво време не очекува од денес

Нов временски извештај: Какво време не очекува од денес

Што туку работната седмица ни започна со нешто повисоки температури преку ден, но со самото тоа и облачноста започна постепено да ни се зголемува во делови на земјава.

Па така веќе почнувајќи од денешниот ден (вторник) па се до самиот крај од веќе започната работна седмица подрачјето на Македонија ќе има променливи временски прилики. Што значи во следните неколку дена очекуваме променливо облачно и потопло време со локално и повремени сончеви периоди. Продорот на облаци во наредниот период ќе носи и локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Според прогнозистичките модели повеќе сепак услови за врнежи колку толку ќе има особено во западната и северната половина од државата, но немора да значи дека нема да проврне и во останатиот подрачја но само локално.

Од југ ќе има прилив на нешто потопол воздух што ќе придонесе пораст на температурите, а тоа може да се осети кај нас дури и оваа вечер. Ова ќе овозможи наместа и поинтензивно темпо на топење на снежната покривка, онаму каде што веќе ја имаме. Температури во просек би се движеле од +6 до +13 С, а локално понекаде и до околу +15 С. Прогнозистичките модели барем од сега гледано не даваат сигнал за сериозни зимски сценарија во наредниот период. Но доколку се појави тоа кај нас на нашите метео карти секако ќе бидете известени навремено.

Временската прогноза ја подготви Денис Муховиќ

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …