Почетна / Градина / Вести / Николовски: Изградба на градини во училиштата за подобра едукација на младите за вредноста на производството на храна

Николовски: Изградба на градини во училиштата за подобра едукација на младите за вредноста на производството на храна

Со денешниот настан во Скопје ФАО и партнерите повикаа на акцијата – да се вратиме на вистинскиот пат. Денес младите, се возрасните луѓе на утрешнината и тие ќе ја наследат Земјата. Оттука фокусот е ставен на младата генерација. Заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ООУ “Аврам Писевски”, с. Бардовци, Скопје, “Слоу фуд Водно” и „Ајде Македонија”, ФАО го промовираше глобалниот повик за заеднички, здружен напор кон здрава исхрана преку воведување практична едукација за храна и здрава исхрана во наставните програми, усвојување методи за намалување на загубите и отпадот од храна и олеснување на пристапот до локално произведената, свежа и хранлива храна од семејните земјоделци.

По повод Светскиот ден на храната, вчера министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присусутвуваше на одбележување на овој светски ден во ООУ “Аврам Писевски”. Настанот под мотото “Нашите дејствија се наша иднина, свет Без Глад до 2020 година е возможен”, беше во организација на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со ООУ “Аврам Писевски” и граѓанските организации “Слоу Фуд Водно” и “Ајде Македонија”.

Секоја година, на 16 октомври, се слави како Светски ден на храната, а годинава порака е “Нашите дејствија се нашата иднина”, однсоно да се засили посветеноста и уште поважно, политичката поддршка кон одржлив свет ослободен од глад и сите форми на недоволна исхранетост. Темата за оваа година е посветена на Целта за одржлив развој 2 – Свет без Глад (Zero Hunger) коja не само што се фокусира на искоренување на гладот во светот, туку и на постигнување на подобрена исхрана и одржливо земјоделство.

Министерот Николовски потенцираше дека денешниот ден повикува на посветеност на секој поединец како и политичка поддршка, за да се остварат стремежите за создавање одржлив свет, ослободен од глад и сите форми на недоволна исхранетост.

„Преку вакви локални настани можеме да ја потенцираме вредноста на храната во општеството. Над 815 милиони луѓе во светот се на граница на неисхранетост, а светот произведува доволно храна и производството на храна е една од главните теми на кои посветуваме големо внимание. Производството на храна е особено предмет на работата на МЗШВ и затоа силно ќе ги поддржуваме сите настани преку кои ја зголемуваме јавната свест за вакви важни теми. А, децата од најмали треба да ги научиме на овие навики и практики преку кои што навистина можеме да го промени светот. Децата може да бидат амбасадори на сите овие политики на кои што генерално како Влада даваме силна поддршка.Заедно со Министерството за образование и наука на ниво на Влада ќе иницираме вакви училишта со вакви градини како во ОУ Аврам Писевски, во општина Карпош, да има во целата држава, тоа е импулс плус во делот на едукацијата,информираноста и на здравите навики кои се потребни за децата да ги градат од мали нозе“, изјави министерот Николовски.

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година во светот на 16-ти октомври, во чест на датумот на основањето на ФАО во 1945 година. Оваа 2018 година на Светскиот ден на храната се одбележува 73-годишнината од основањето на ФАО. Настаните организирани од страна на ФАО, владите, локалните власти и други партнери во повеќе од 130 земји ширум светот повикуваат на зголемени активности за постигнување Свет Без Глад до 2030 година.

Види

Како изгледа овошјето и зеленчукот во Фукушима по нуклеарната катастрофа (Фото)

Нуклеарната катастрофа во јапонската електрана Фукушима се случи март 2011 година. цунамито, како последица на …