24.04.2024
Почетна / Совети / Нешто повеќе за хризантемите

Нешто повеќе за хризантемите

Хризантемите „Chrysanthemum“ припаѓаат на сем. Астрови, „Asteraceae“ и бројат околу 30 видови.

Овие фасцинантни растенија потекнуваат од Кина.

Градините со хризантеми се многу популарни, бидејќи секоја есен тие ја исполнуваат градината со раскошна бојни “топки”, заменувајќи ги годишните растенија и обезбедувајќи шарени слики до првите големи мразови.

Хризантемите може да достигнат околу 1 метар висина, во зависност од условите во кои се одгледуваат и според подкаструвањето во сезоната на растење.

Подкаструвањето го згуснува растението и го зголемува цветањето.

Хризантемите се размножуваат со семе, преку резници или поделба на грмушки. Растенијата се садат на есен или рано напролет. Хризантемите се повеќегодишни и ги има во бела, жолта, бронзена, розова, корална, виолетова, вински црвена боја. Најголемите непријатели на хризантемите се вошките, грините, бубачките. Хризантеми сакаат богата со хранливи материи почва, аерирана и многу сонце.

Малото количество вода може да го забави растот на хризантеми или тој целосно да запре. Во периодот на цветање хризантемите се наводнуваат обилно со мека вода. Добро е листовите да се влажнат често. Барем еднаш во неделата во сезоната на раст хризантемите треба да се хранат со растворливо ѓубриво кое содржи калиум и азот.

Во градината хризантемите може да се комбинираат и со рудбекија, ехинацеја, седум, астро. Во вазнахризантемите може да издржат околу две недели. Кога купувате хризантеми, избегнувајте ги оние со жолти или кафени листови, бидејќи најверојатно тие немаат добиено доволно вода до сега или биле во саксија премногу долго.

Види

Генетски инженеринг

Генетското инженерство е целина од биохемиски постапки со кои се модифицираат цели гени, нивни делови …