Почетна / Градина / Вести / Неповолни временски услови за земјоделците: Каква е временската прогноза за наредните денови?!

Неповолни временски услови за земјоделците: Каква е временската прогноза за наредните денови?!

Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба,  со доволно влага во почвата но и со услови за појава на плевели,  болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, новите врнежи од дожд прогнозирани за почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.

Ваквите временски услови и понатаму не се поволни за пчеларството, заради интензивниот пролетен развој каде потребите од чести излетувања и носењето на храна се многу големи, а ветровитото и врнежливо време тоа не им го дозволува.

Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Види

Како белите камчиња може да го разубават вашиот двор (Фото)

  Белите камења се вистинска декорација во градината и дворот на куќата. Тие можат да …