17.05.2025
Почетна / Градина / НЕМА КРАЈ НА ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ: Следува нова тура на пообилни врнежи од дожд!

НЕМА КРАЈ НА ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ: Следува нова тура на пообилни врнежи од дожд!

Под влијание на нов влажен воздушен бран од југозапад, во следните 24 часа, во нашата Република Македонија ќе има нови врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат нови околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината во следните 24 часа ќе има нови повремени врнежи од дожд.

За време на овој период, повремено ќе засилува ветер од јужен и од југоисточен правец. И во Скопскиот регион повремено ќе засилува ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени. Во Скопје максимумот на температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Да напоменам дека сеуште над нашата Република Македонија е присутна Сахарската прашина и песок, па така дождот кој повторно го очекувам, ќе биде обоен со истата.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

Какви домати бараат Европјаните?

Европските потрошувачи претпочитаат помали сорти на домати. Подготвени се да платат повисока цена за нив, …