09.02.2025
Почетна / Градина / Храна / Недоволно органско производство, за наредната година резервирани 160 милиони евра за субвенции

Недоволно органско производство, за наредната година резервирани 160 милиони евра за субвенции

Само три проценти од македонското земјоделство е базирано на органското производство. Како најголем проблем, производителите на органски производи ги наведуваат климатските промени. Експертите препорачуваат, за да биде конкурентно македонското земјоделско производство, треба да се следат светските трендови. Поддршката во земјоделството ќе изнесува 160 милиони евра, на годишно ниво, а акцентот ќе биде на органското производство. Ќе бидат предвидени и дополнителни субвенции и нови мерки за модернизација на органското производство.

„Во делот на органското производство секако дека преку мерките во рамките на програмата, преку програмите кои во следниот период ќе се носат, ќе предвидиме и дополнителни субвенции, и дополнителни нови мерки, што значат модернбизација на органското производство, но и засилена поддршка на извозот и промоција на органските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, соопшти ТВ 21.

Види

Што ќе се случи со твоето тело ако јадеш модар патлиџан?

Модриот патлиџан, исто така наречен син домат, е растение од семејството Компирови. Растението носи плод …