18.08.2022
Почетна / Градина / Вести / Не подарувајте цвеќе на партнерката

Не подарувајте цвеќе на партнерката

Ако маж се врати дома и однесе на својата жена букет цвеќе, тоа значи дека нешто не е во ред и тој или згрешил, или има доста непријатни вести.

Тоа барем го сметаат 2/3 од жените, покажуваат резултатите од анкета предводена од проф Луиз Томпсон.

Премногу милостиво однесување е знак дека нешто не е во ред, се изјасниле дамите кои учествувале во анкетата.

Секоја жена сонува за романтичен гест од својот пријател, но кога тој ќе одлучи да ја изненади, неговото однесување веднаш се става под прашање.

Истражувачите утврдиле дека 2/3 од жените примаат подарени букети без повод за сомнителен и веднаш решаваат дека нешто не е во ред.

Дури неочекуваниот појадок во кревет наутро или романтичната вечера надвор од домот предизвикуваат сомнителни мисли во женската глава. “Најмалата промена во машкото однесување ги тера жените да бидат загрижени”, објаснува проф Томпсон.

Според психолозите, сепак тоа не е добар пристап. Советот на експертите е жените да не гледаат под лупа секој мил гест на партнерот, туку само да уживаат во пријатните изненадувања.

Види

За лекување на карцином помага црн боз

Црниот боз е исклучително корисно растение. Растението црн боз има кичесто жолто-бела боја и цвета …