Почетна / Градина / Не го користи само црквата: Зошто темјанот бил еден од најскапоцените добра со векови?!

Не го користи само црквата: Зошто темјанот бил еден од најскапоцените добра со векови?!

Темјанот им бил познат на луѓето уште од времето на Исус Христос: тројцата мудреци од Истокот носеле со себе како подароци злато, темјан и миро. Зошто?

Бидејќи темјанот бил еден од најскапоцените добра со векови. Тој е се уште и еднаш кога ќе ја оставиш возбудата на денот зад себе ќе се потопиш во мирната атмосфера на твојот дом.

Уште од антиката, нема култура, ниту на Истокот ниту на Западот, каде што темјанот не бил користен во културни или религиозни церемонии.

„Златното доба“ на темјанот започнува пред околу 4000 години во Египет. Бил транспортиран од легендарната земја Пунт преку „патот на темјанот“ ( слично на „патот на килибарот, свилата и патот на зачините“), од јужниот дел на Арапскиот Полуостров ( преку Мека и Медина до Петра). Силно обезбедени каравани беа користени за пренос на темјанот до Средоземното Море. Бил користен од Грците уште од 7 век пред Христа, од блискуисточните земји и подоцна од Римјаните до 3 век по Христа. И најпосле бил прифатен од Христијаните приближно околу 5 век по Христос. Истовремено темјанот бил користен во Индија во лечењето „Ајурведа“, во култни обреди коишто се прошириле преку целиот Азиски континент. Оваа предание и фасцинација со темјанот трае до ден денеска.

Ботанички информации:

Деформираната Boswelia грмушка или Boswelia дрвото расте до 6м височина и му припаѓа на семејствотоBalsam (Burseraceae). Расте на гола земја до 1000м надморска височина.

Потекло и местоположба

Постојат две места на потекло: неплодниот регион на Источна Африка, како Сомалија, Етиопија и Јужниот Арапски Полуостров, како и Индија.

Видови темјан

Олибанум (темјан) арапско потекло: Boswellia sacra, Boswellia carteri и од индиско потекло: Салаи гугл Boswelia serrata.

Други имиња

На египетски: sntr ( Божја арома), на грчки: livanus (арапски корен), на латински: thus ( од грчкиот збор thyos-жртвување), на англиски: frankinscense( од латинскиот со значење-пали), на хебрејски: lebonah , на арапски: luban.

Собирање

Стеблото на дрвото се сече со нож, од кое истекува течноста на дрвото.Оваа течност ( божја пот) се стврднува и покрај високата температура. Користејќи стругало стврднатите капки се собираат. Ова се прави еднаш или двапати годишно.

Секоја година се користат различни дрвја, бидејќи на дрвјата им е потребно време за да закрепнат. Денеска постојат неколку плантажи од овој вид.

Квалитет

Што е попроѕирен и што помалку дрво содржи тоа подобро.

Состав

Чиста течност, вода, гума, етерични масла, горчливи состојки, киселини, трагови од растенија, басорин итн.
Досега се пронајдени преку 200други хемиски состојки.

Изворна употреба

Кадење: насекаде низ градовите честопати се наидува на неиздржлива реа, како резултат на мрши од искасапени животни, како и ѓубре, човечки и животински измет особено во жешките летни месеци. Пред темјанот да стане познат како супстанција за кадење, луѓето гореле секакви билки како мајчина душичка или ловор. Сепак,се испоставило дека темјанот е многу помоќен од која било друга билка. Неговиот интензивен мирис им овозможил на луѓето да дишат повторно. Бидејќи не бил достапен во големи количини станал луксузно добро. Само во богатите семејства се горел темјан врз јаглен. Темјанот станал толку баран што станал еден од најскапоцените подароци за царскиот двор. Императорот Нерон бил најекстравагантен со прекрасниот темјан со арома на дрво. За погребот на неговата жена Попеја, се раскажува дека тој го употебил целогодишното производство на темјанот. Темјанот служи за многу други цели.Со неговиот чад се верува дека се отстрануваат и уништуваат зли духови. Исто така отстранува негативни вибрации и со тоа го прочистува и неутрализира воздухот. Познато е и дека ги штити патниците.

Како козметика

Како состојка во производство на козметика (парфем:достапен во многу ароматични варијации), креми, масла за тело и депилациски креми.

Грција има долга и силна врска со темјанот, таму има слично дрво: Мастикс. Достапен е само на островот Хиос, се собира таму и се користи во многу производи. Доволно е само да се помисли само на „ Рецина“ виното. Исто така се користи како прав за стомачни заболувања и како етерични масла во скапа козметика, како и во сапуни.

Лечења низ историјата

Како што беше кажано, темјанот навлегол многу рано во Ајурведа лечењето. Подрачје на употреба: олеснувач на кашлица и настинки, како аналгетик, за чистење и дезинфекција на рани, како енергетски засилувач при депресивни состојби и против стомачни заболувања. Хипократ бил познат по тоа што го давал темјанот на своите пациенти како ефектен лек и тоа во форма на крема, прав, при инхалации и при преврски на рани. Римските војници забележале дека кога ќе стават темјан на рана таа заздравува подобро и побрзо. Исто така, на Запад, темјанот бил користен во разновидни начини на лечење од личности како: Гален, Хилдегард фон Бинген (килибарни колачиња)

Ароматерапија

Мирисот влијае на нашето расположение и душевна состојба. Мирисот навлегува низ носот, се трансформира во мозокот преку лимфниот систем кој е одговорен за дистрибуција на хормоните кои влијаат на нашите емоции. Основно правило: Помалку е подобро, концентрацијата на мирисот, незначајно повеќе над детектирачкото ниво влијае многу ефектно на психата.

Вдишувањето на мирисот создаден од горење на темјанот ги смирува нашите расположби, влијае на нашите чувства, концентрација и стимулација.

Неколку капки од темјаново масло додадени во водата на ароматичната лампа: вдишувањето на пареата произведена од темјанова свеќа побудува опуштање.

Темјанот денеска

Научните кругови расправат за ефективноста на темјанот:

некои тврдат дека синергетичкиот ефект на комбинацијата на различни природни и хемиски материи предизвикува лечење во некои подрачја.Решавачки фактор во ефективноста на различните составни делови е сепак продуктивноста на самиот темјан.

При испитувањата низ годините , други се обиделе да го разделат темјанот на неговите самостојни компоненти. За време на овој процес била пронајдена Boswelia киселината која е ефектна против болки, воспаленија и отоци.

Други интересни факти за темјанот

Темјанот е спомнат во Библијата 22 пати.
Темјанот за разлика од килибарот бил забранет во древниот Јудаизам, со смртна казна.
Старите Римјани го класифицирале како суштинска потреба.

Извор: Facebook, Божјо Слово

Види

Систем за мал простор: Многу од вас ќе посакаат ваква капија

Доколку имате мал простор и секогаш се мачите да ја отворите вратата лесно и широко, …