Почетна / Градина / Животни / Научници клонирале свиња отпорна на болести

Научници клонирале свиња отпорна на болести

Експерти од институтот Рослин во Единбург, шкотска лабараборија која пред 17 години ја создаде овцата Доли – првото клонирано животно во светот, успеаа да добијат генетски модифицирана свиња, отпорна на сите болести.

Со ова е овозможено за кусо време да се обезбеди производство на животни чие месо, млеко и јајца нема да пренесуваат никакви опасни патологии врз луѓето.

Во своето соопштение, истражувачите наведуваат дека за добивање на овие свињи наречени „пиг 26“, користена е „чиста“ техника, без употреба на гени отпорни на антибиотици, кои противниците на GMO најмногу ги критикуваа.

Научниците исто така, истакнуваат дека оваа техника десет пати е побрза и поефикасна од клонирањето. – Ако не се знае начинот на кој животното е произведно, не е можно да се забележи дека е направена мутација, истакна шефот на лабораторијата, Брус Вајтло.

„Пиг 26“, родена минатиот август, настана со генетски инженеринг со голем број мутации на ДНК – бришење на еден од три милијарди хемиски „букви“ на нејзиниот целокупен геном.

Види

Зошто е корисен змискиот отров ?

Токсин во змискиот отров може да се користи за лекување на дијабетес, висок крвен притисок …