Глисти (пантличара).- Од оваа болест човекот е испиен во лицето „куту ка не јаде леб”. се лечи на тој начин што се вари рж и се пие водата во која е варена ржта. Многумина ја јадат и варената рж, брашно од рж и кафе од рж. Некои прават и маџун и тоа вака: се земаат 100 грама мед, 25 грама благ камен (сулфур), 100 грама гингејарово семе (од фамилијата лапа Минора) и малку каранфил и сето тоа го мешаат и толчат и потоа секое утро болниот на гладно срце зема по една лажица. Некои во лекот ставаат и малку ванила.
Според книгата Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, од Стефан Тановиќ, Београд 1927.