Почетна / Градина / Лек / Народни обичаи: Како да ја излечите увоболката

Народни обичаи: Како да ја излечите увоболката

Уши булејне (увоболка).- Против болките на увото се употребуваат топли крпи и памук. Ако од тоа не мине тогаш се вари праз и така млак откако ќе се исцеди од водата се обложува околу увото. Но се употребува и овој лек: кога ќе најдат мали штотуку изведени мишчиња ги ставаат во шише со зејтин и тука ги оставаат се додека не се распаднат во зејтинот. Потоа овој зејтин го тураат во увото и тврдат дека овој лек успешно го лечи клукањето во увото и сите болести на ушите. Некои тураат во увото пејно масло (осветено масло), или обичен зејтин; некои тураат и сч`за од винова лоза – кога пенушката се реже, а некиои тураат вода од праз или бадемово масло.

Според книгата Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, од Стефан Тановиќ, Београд 1927.

Види

Најдобриот народен лек против астма, холестерол и слабокрвност !

Сувите смокви се достапни во текот на целата година, така што секогаш е можно да …