Една чајна лажица (10 g) од исушени цветови на бозел, се попарува со чаша жешка вода. Садот треба да биде покриен 20 -30 минути.
Потоа се процедува и се пие засладен со мед, 15 минути пред јадење. Како чај за потење многу голема ефикасност покажува мешавината од еднакви количества цвет од бозел, липов цвет и лист од нане.
Од оваа мешавина се зема една супена лажица, се прелева со две чаши жешка вода, се вари 10 минути и се процедува. Чајот се пие врел.
Потоа треба да легнете и покриени со покривка да мирувате. Поради содржината на слуз, чајот од бозел ја смирува сувата кашлица. Оттаму многу често се среќава во комбинираните билни препарати, кои се користат било како сирупи или таблети против кашлица.