Почетна / Градина / Најубавата цветна градина во светот за прв пат затворена после 71 година

Најубавата цветна градина во светот за прв пат затворена после 71 година

Повеќето од вас веројатно сте слушнале за светски познатата градина Кукенхоф – најубавата градина со лалиња во светот.

Овој парк го посетуваат милиони туристи секоја година, што е сериозна бројка со оглед дека таа е отворена само во пролет.

Работниот тим ја одржува градината да изгледа добро, вклучително и оваа година, и покрај тоа што Кукенхоф е затворен за прв пат после 71 година.

Но, тоа не значи дека нема цвеќиња. Напротив, цвеќињата изгледаат неверојатно и добиваат исто внимание и грижа како и секогаш.

Холандија во моментов го доживува најсончевиот април овие години, што му помага на Кукенхоф да изгледа уште подобро.

Паркот Кукенхоф се наоѓа во градот Лисе, помеѓу Амстердам и Лајден.

Градините се наоѓаат директно спроти замокот Кукенхоф, изграден во 1642 година. Тие се најголеми во светот, поради што паркот се нарекува градината на Европа, се вели во извештајот на Википедија.

Види

Жива ограда која секој би ја посакал: Со”Црвениот Робин” заградете се на најпрефинет начин

Фотинијата „Photinia“ е популарна зимзелена грмушка со светли зелени лисја, а додека се млади пуштаат …