Почетна / Градина / Вести / Најпопуларните есенски цвеќиња

Најпопуларните есенски цвеќиња

Есента е годишно време, кое се карактеризира со разни бои. Се среќаваат црвената, портокаловата, жолтата и другите бои. Да не ги заборавиме и боите на овошните дрвја. Има цвеќиња кои се типични само за есента. Некои цветаат во доцната есен, некои малку подоцна.

Едно од најпопуларните есенски цвеќиња е Хризантемата. Во Јапонија таа е поврзана со еден од најпопуларните празници – празникот на хризантеми на деветти септември. Во буквален превод името значи златен цвет (грчки: chrysos – злато и anthemion -цвет).

Друго типично есенско – зимско растение е Ериката или Пирејата. Тоа е нискостеблста грмушка, која цвета од ноември до јануари во розови, црвени и виолетови бои. Ова растение е особено издржливо во зима.

Соодветни за сезоната се и Далиите, познати и како Гергини. Треба да бидат засадени на светло и сончево место во порозни глинесто – хумусна почва. Се садат во април – мај и цветаат од август до октомври. Рудбекијата е друго популарно растение со жолто – портокалов спектар на бои. Ова растение е лесно за одгледување. Бара сончево место, глинесто – песоклива почва и умерена влажност.

Има слични бои светло жолти бои како маргариткита, а во основата се кафеави. Други соодветни растенија за градината и балконот оваа сезона се минзухарот, енчецата, како и грмушките јасмин, калиум, хебе и др.

Види

Што ќе се случи кога ќе скршите јајце под вода?

Што ќе се случи ако скршите живо јајце под вода? Институтот за океанска наука од …