28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Најотровното овошје и зеленук

Најотровното овошје и зеленук

Одгледувачите на овошје и зеленчук скоро и да не бираат средства кога се работи за добра заработка. Затоа многу од нив ги прскаат растенијата со дозволени, а неретко и со недозволени пестициди во несоодветни количества, кои дефинитивно не се добри за нашиот организам, велат од фаланга.

За да ги предупредат жителите за тоа во кои „здрави“ намирници се кријат најмногу отрови, американската Environmental Working Group секоја година објавува листа на овошја и зеленчуци со најмногу пестициди во себе.

Наведените плодови на врвот впиваат повеќе токсини, за разлика од оние на дното на листата. Затоа стручњаците советуваат секогаш кога ќе сте во можност да купувате овошје и зеленчк од локалните произведувачи или од оние за кои сте сигурни дека се со органско потекло. Ако не го знаете потеклото на намирниците, тогаш задолжително пред употреба добро да ги измиете, да ја излупите кората и ако е возможно термички да ги обработите.

Најотровни

Најотровни се дефинитивно јаболката. Верувале или не, во 99% од плодовите ќе најдете трагови барем од еден пестицид. Во компирот има најголемо количество пестициди на грам маса. На само едно зрно грозје, грашок, шери домат, јагода или целер можно е да пронајдете дури 15 видови различни видови отровни супстанци. Подеднакво отровни се кајсиите, спанаќот, слатките и лутите пиперки, краставиците.

Помалку отровни

Побезбедни за употреба се: боровницата, зелената салата, кељот, сливите, вишните, крушките, мандарините, морковот, боранијата, тиквиците, малинките, брокулата, смрзнатиот грашок, младиот лук, портокалот, бананата, доматот, лубеницата, ананасот, дињата и карфиолот.

Најбезбедни

Најбезбедни се грејпфрутот, кивите, доматот, папајата, мангото, лукот, зелката и авокадото.

 

 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …