29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / НАЈМАРИФЕТНАТА ТИКВЕШАНКА СЕ СЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА

НАЈМАРИФЕТНАТА ТИКВЕШАНКА СЕ СЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА

Весна Јаневска од Росоман, една од најмарифетните тиквешанки, бара начин да замине од државава. Жената што во услови кога немаше постојана работа сиве изминати години правеше напори од ништо да направи нешто, па готвеше ајвар и најразлична друга зимница за пари и ја продаваше на познатиот росомански пазар, разочарано вели дека апицирала за бугарски пасош и на курс учи германски јазик, пишува порталот Сакам да кажам.

„Многу убави идеи и соништа имав, но за жал, во годините што минаа не наидов на позитивна клима која ќе направи луѓето овде да ги реализираат своите замисли. А толку многу се трудев да успеам, а и на младите да им всадам љубов за да останат тука и овде да ја градат својата иднина. Постојано повторував дека нема зима за тој што знае и сака да работи и создава. Дека и во земјава има златни рипки, што се вели, само треба да се фатат“, вели Јаневска, која е една од ретките кои го негуваат традиционаното производство на слатко од тиква со грозје во Тиквешко познато како рачели, слатко од млади оревчиња, слатко од цветови од трендафил и други деликатеси.

„Ајварот, кој на многу домаќинки им е мачен и тежок да го подготват само за своите семејства, го правев со килограми и килограми. Денови и денови минав крај врелите ќумбиња. Се печев заедно со пиперките на огнот, мрзнев на пазарот додека ги продавав теглите зимница. Секоја тегла си има своја приказна“, вели Јаневска.

„Но, од пред неколку години се соочив со намалена куповна моќ во државата, луѓето се помалку застануваат на пазарот кога патуваат кон Велес или Прилеп, па затоа од пред неколку месеци сериозно почнав да размислувам дека мојата среќа е на друго место.“, вели Јаневска.

Во гласот на секогаш насмеаната и пријателски расположена Јаневска, веќе се чувствува разочарување од сето тоа што го проживеала досега. Иако има 47 години, спасот го бара надвор од Македонија.

За повеќе на sdk.mk

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …