Почетна / Градина / Вести / Најмалиот цицач во светот (фото)

Најмалиот цицач во светот (фото)

Малиот цицач кој го гледате на фотографиите, е лилјак т.н. “земна пчела” земено од англиски – “bumblebee bat”, а латинското име му е Craseonycteris thonglongyai.

Тој тежи 2 грама, неговото тело е долго околу 3 сантиметри, а растојанието на крилјата му е 15 сантиметри.

Craseonycteris thonglongyai е најмалиот лилјак на планетата, за кои се претпоставува е дека е и најмалиот цицач воопшто. Тој има црвеникаво-кафеава или сива боја.

Колониите од лилјаците Craseonycteris thonglongyai се разликуваат по бројот, во просек изнесува околу 100 поединци во пештера. Тие се хранат во текот на кратките периоди на активност во текот на ноќта и при изгрејсонце.

Женските лилјаци раѓаат едно потомство еднаш годишно. Лилјакот “земна пчела” е единствениот постоечки член на семејство Craseonycteris. Тие можат да се најдат во Западен Тајланд и Југоисточна Бурма, и живеат покрај реките.

Лилјакот “земна пчела” е загрозен вид, закана од исчезнување. Во Тајланд преживуваат само 200 претставници на овој цицач, а видот се соочува со исчезнување.

Види

Канадски експерти ги научија мувите винарки да бројат

Канадски експерти ги научија мувите винарки да бројат, откако направија обиди во текот на 40 …