Сите зелени зеленчуци се корисни за организмот.
Пролетниот зеленчук обезбедува некои од највисоките нивоа на витамин К, железо и фитонутриенти кои го штитат организмот од хронични болести.
Во принцип пролетната храна е корисна за конзумирање на пролет. Не заборавајте секогаш, пред да јадете пролетен зеленчук, секогаш добро да го измиете!
Погледнете ја листата со најкорисните пролетни зеленчуци, кои изобилуваат со корисни материи:
Артишок
Артишокот е кулинарски деликатес на пролетта. Тој помага за подобро варење на храната, а воедно е богат со инулин, пробиотик кој помага во растот на корисните бактерии во цревата. Содржи лековита состојка наречена цианин, која го поттикнува лачењето на жолчен сок и го подобрува разградувањето на мастите. Состојката сепак се губи кога зеленчукот се подготвува и кога листовите се користат за чај.
Аспарагус
Аспарагус е пролетна суперхрана богата со витамин А, фосфор, калциум и калиум. Тие со право се сметаат за афродизијак не само за мажите, туку и за жените. Асперагусот е исто храна, од која се слабее. Една врска аспарагус содржи 70% од препорачаната дневна количина витамин К, која помага за релокација на калциум за коските, како и 20% препорачаната дневна доза од витамин А, која помага на имунолошкиот систем. Тој е исто така одличен извор на протеини и фолна киселина. Освен тоа, конзумирање на аспарагус пред пиење на алкохол го одбива мамурлукот.
Грашок
Грашокот е еден од првите пролетни зеленчуци и претставува многу корисна храна за женските хормони. Само една чаша грашок може да го обезбеди дневното количество витамин C. Грашокот е еден од најдобрите извори на тиамин или витамин Б1, кој го зголемува вашето расположение и одбива депресија.
Млад лук
Свежо младиот лук го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Тој содржи многу витамин C, калиум, калциум, керцитин, кој е силен антиоксиданс, а содржи и хранливи влакна. Младиот лук спречува многу болести, и тоа од дерматолошки заболувања до рак.
Зелена салата
Зелената салата е меѓу зеленчукот, кои го намалуваат ризикот од рак на дојка и дијабетес, а помага и за подобро варење на храната.
Марула
Марулата исто така е помеѓу храната за слабеење и за добар вид, како и помеѓу зеленолистните зеленчуци кои штитат од дијабетес. Таа исто така е богата со витамин K.
Ротквици
Ротквиците се исклучително хранливи и содржат речиси една третина од дневната препорачана количина на витамин Ц. Тие помагаат за превенција од рак. Ротквиците ги содржат витамините А, Б1, Б2, Б3, Ц и РР. Богати се со минерални соли на железо, фосфор, калиум, калциум и натриум. Во составот имаат ензими, етерични масла, целулоза и пектин. Лисјата исто така не се за занемарување, бидејќи содржат повеќе витамин Ц, калциум и белковини отколку самите ротквици.
Рукола
Руколата го полни организмот со магнезиум, кој е важен минерал за цврстината на коските и имунолошкиот систем. Руколата исто така помага против чировите.
Спанаќ
Спанаќот е одличен извор на витамин Ц и фолна киселина. Го зајакнува имунолошкиот систем и помага против алергии. Спанаќот е богат со соединение бетаин, како и со лутеин и зеаксантин, а тоа се две фитохемикалии кои можат да помогнат за спречување на старосната макулна дегенерација, една од водечките причини за слепило. Спанаќот е богат и со магнезиум, кој е корисен за мозокот, помага за здрави мускули и го намалува ризикот од дијабетес.