06.02.2023
Почетна / Градина / Вести / Начини на одгледување буковка

Начини на одгледување буковка

Печурките се ценети заради својата хранлива вредност. Протеините на печурката имаат сличен состав со протеините од животинско потекло и затоа се биолошки по вредни од билните протеини. Печурките содржат мал процент на масти и затоа се рачунаат како диетална храна. Освен тоа, содржат голем процент на минерали и витамини. Некои печурки се одгледуваат само заради лековитоста, како на пр. Шитаке, кое има антиканцерогени својства. Печурките се одгледуваат на суровини кои слабо се користат или воопшто не се користат за друга намена. Може да се произведуваат во текот на целата година на релативно мал простор во краток циклус на производство. За припремање на хранлива подлога за одгледување на печурки најчесто се користи слама.  После одгледувањето на буковката, супстратот во некои земји се користи како сточна храна. Освен сламата за одгледување на печурките може да се користи и лисја, пилевина, стара хартија, дрвени отпадоци и др.

Циклусот за одгледување на буковката е пократок од циклусот за одгледување на шампињони. До појавата на првите плодови не поминува ни месец дена, а очекуваниот принос изнесува околу 50% од тежината на употребената сува маса. Во природата буковката (pleotorus ostreatus)  се среќава најчесто на неисечени исушени дрва. Првите обиди за одгледување на буковка биле на дрво. Оваа метода на одгледување на буковка и денес успешно се користи. Во последно време, буковката се одгледува на земјоделските нуспроизводи. На таквите подлоги циклусот на одгледување трае 2-3 месеци.

Буковката може да се одгледува во затворени, делимично затворени и отворени ама покриени простори. Местото мора да биде заштитено од дожд, ветер и директно сонце. Мора да биде обезбедена стална висока влажност, добро прозрачивање и 12 часовно осветлување. Сламата која се користи за припрема на подлогата мора да биди здрава со златно-жолта боја.

Види

Генетски инженеринг

Генетското инженерство е целина од биохемиски постапки со кои се модифицираат цели гени, нивни делови …