Почетна / Градина / Вести / На работното место со растенија на затворен простор, може да го намалите стресот со до 60%

На работното место со растенија на затворен простор, може да го намалите стресот со до 60%

На работното место со растенија на затворен простор, може да го намалите стресот до 60% и да ја зголемите продуктивноста до 30 отсто, покажува истражувањето на д-р Фрејзер Торпу од Универзитетот за технологија во Сиднеј.

Ние сите имаме вродена желба за врска со природата – оваа состојба се нарекува “Биофилија”. Но многу од нас кои работат долги часови во затворен простор се опколени од технологија, ја губат оваа врска и тоа може да влијае на нивното здравје, пишува dynamicbusiness.com.au.

Испарливите органски соединенија (Volatile Organic Compounds, VOCs), кои се емитуваат од обични производи во канцеларијата – синтетичките материјали, средства за чистење, нов мебел, опрема, итн., можат да предизвикаат главоболка, губење на концентрација и проблеми со очите, носот и грлото.

“Нашето истражување докажува дека растенијата можат да го намалат за 80% VOCs и до 25% емисиите на јаглерод диоксид, така што носат значителни придобивки за здравјето”, објаснува Торпу.

Во Австралија компанијата Ambius е специјализирана во аранжирање на простори со живи растенија, препорачува на работодавците да постават растенија на работните места, за да се зголеми продуктивноста и ефикасноста на вработените. Само во март и април компанијата користела над 10 илјади растенија за аранжирање на канцеларии.

Види

Ги залепи саксиите една за друга а кога ќе видите зошто и вие ќе го направите истото (Видео)

Работата во градината на многумина им причинува задоволство. Таа може значително да ви го разубави …