25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / На денешен ден Колумбо запишал дека пронашол „вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката

На денешен ден Колумбо запишал дека пронашол „вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката

На денешен ден морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запишал дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката.

Американските индијанци ги учеле колонистите како да одгледуваат пченка, вклучувајќи и неколку видови жолта пченка кои се уште се популарни како храна, како и видови црвени, сини, розеви и црни зрна често свиткани, со точки или пруги, кои денес се сметаат(користат) за украсни во САД и се нарекува индијанска пченка. Високото, едногодишно стебло и големи прави лисја со брановидни краеви. Пченката се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како за индустриска обработка. Иако е главна храна во повеќе земји, инфериорна е во споредба со хранливата вредност на другите житарки.

Пченкарните лушпи имаат долга историја на користење во фолклорната уметност за предмети како амалии и кукли. Пченката е едно од најразнесуваните хранливи растеија во светот, по зaсаденостa е надмината само од пченицата и е најважна житна култура во САД.

Пченката е значајна житна култура, која освен во исхраната на луѓето, се користи како суровина во индустријата и за исхранување на домашните животни. Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи. Пченката најдобро успева во низините и во котлините каде што има доволно влага и топлина. Најпознти области за одгледување на пченка се: Мисисипската, Панонската, Ломбардиската, Блашката, Источно-Европската низина, Аргентина, Бразил, Мексико и други.

Најголеми извозници на пченка се САД, Франција и Бразил, а најголеми увозници се Јапонија и Германија.

Види

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето …